| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните не заминуваат од Косово поради визите, туку поради сиромаштијата

косово бегалци

Европскиот комесар за соседска политика и преговори за придружување, Јоханес Хан, денеска ги отфрли тврдењата на приштинските политички лидери дека причината за бранот на илегална миграција од Косово е рестриктивниот визен режим.

– Воопшто не го делам мислењето дека луѓето заминуваат од Косово поради визите – изјави Хан на прес-кофреренција во Брисел по повод неговите посети во Скопје, Приштина и во Киев.

Тој додаде дека луѓето заминуваат од Косово поради тешката економска ситуација и недостигот од перспектива.

Хан посочи дека решението за таквата ситуација треба да се бара во подобрување на економските можности преку создавање поволна клима за странските инвеститори и сузбивање на корупцијата, потсетувајќи дека ЕУ одделила 660 милиони евра за економскиот развој на Косово во следните пет години.

– Задоволен сум со мерките кои ги презема косовската влада и се чини дека тие веќе почнаа да даваат резултати – истакна Хан.

Косовскиот премиер Иса Мустафа и неговиот заменик Хашим Тачи претходно изјавија дека причината за масовните преселби е поради тоа што граѓаните на Косово се единствени во регионот кои не можат да патуваат во шенген-зоната без визи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top