| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Џули: Бев ѕвезда, сега сум социјала (видео)

Сите ја паметиме легендарната „Џули“ со која некогашна Југославија се претстави на „Евровизија“ во 1983 година. Ја пееше поп-ѕвезда од поранешна Југославија, пејачот Даниел Поповиќ. Тој во интервју за хрватскиот „Ин магазин“ кажува дека се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Зборува за приватниот живот и за новиот албум, како ги потрошил парите од хит-песната и во каков однос е со децата од претходните бракови.

Црногорецот Поповиќ се женеше 4 пати, а моментно живее со сопругата Александра во Љубљана. Со неа е во брак 8 години. Вели дека песните од новиот албум му се автобиографски и дека се многу тешки, каков бил и неговиот живот откако ја отпеа славната „Џули“.

– Некогаш бев ѕвезда, сега сум социјален случај – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top