| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 50 повредени во судир на два воза северно од Цирих

voz

Два воза се судрија изутринава во Рафц, 30 колометри северно од Цирих, при што околу 50 лица се повредени, соопшти кантоналната полиција.

– Утринава се случи несреќа, ситуацијата е сериозна, има повредени – изјави полициски претставник.

Според швајцарските медиуми, воз од регионалната железница се судрил со друг на излез од железничката станица во Рафц. Според очевидци, едниот воз излетал од шините и удрил во задниот дел на другиот воз.

Има превртени вагони, пристигнаа амбулантни возила, спасувачки екипи и пожарникари, објави весникот „Блик“.

Во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Билах и Шафхаузен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top