Во Германија оваа година се очекуваат најмалку 250.000 азиланти, што ќе биде рекорден број во изминатите 20 години. Тоа се наведува во документ на Сојузната служба за емигранти и бегалци во кој „Билд“ имал увид.
Тие наведуваат дека ќе има и околу 50.000 лица кои ќе го повторат своето барање за азил. Во 1994 година во таа држава биле поднесени 322.000 молби за азил.
Во оваа година се очекуваат 50 отсто повеќе барања за азил отколку лани кога вкупно биле поднесени 202.800 молби.
Како основа за таков развој на ситуацијата во оваа година Сојузната служба ги наведува сириската и украинската криза и влошувањето на ситуацијата во Ирак.
Кога станува збор за азиланти од Косово оваа година до 12 февруари имало 18.000 луѓе со желба да бидат азиланти. Службата почнала со забрзана постапка за одлучување на барањата на Албанци од Косово.
– Со тоа на луѓето од Косово им даваме јасен сигнал дека поднесувањето барање за азил нема никакви шанси за успех во Германија – вели Манфред Шмит, шефот на таа Служба, во изјава за „Рајнише пост“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.