| четврток, 6 декември 2018 |

Деструктивното сценарио на СДСМ предизвикува револт кај граѓаните

pppalkiiiiiiiiiii

Палки, боксерски вреќи, насилство во штабот на СДСМ – вакви фотографии вчера се појавија во медиумите. Дали СДСМ заговара деструктивни сценарија кои не се во интерес на македонските граѓани?! Насилните фотографии донесоа низа негативни коментари на сметка на опозицијата. Кај граѓаните на Република Македонија насилството не поминува. Народот бара идеи, проекти, програма, решенија за реалните проблеми. Тоа е она што избори наназад и недостига на СДСМ, поради што и изборните резултати се такви какви што се – изгубени локални, парламентарни и претседателски избори.

4sdsmtepa

Речиси една година по последниот катастрофален пораз на СДСМ, партискиот лидер, Зоран Заев, го стави народот во заложништво, но жртви на неразумните политики можат да бидат сите. Сега следуваат фотографиите кои покажуваат насилство. Коментарите се – не е еден штаб во кој членството на опозицијата тренира физички борби.

sdsmtepa

Ова е залуден обид на СДСМ да привлече симпатизери со палки и удари. На власт, сите знаат, па и самите СДСМ, дека не се доаѓа на овој начин. Граѓаните максимално се спротивставуваат на ваквите чекори на опозицијата, а по фотографиите на кои се гледа тренинг за насилство, јавноста бурно реагираше.
За добар рејтинг потребна е добра програма!

За тоа колку СДСМ води погубни политики, најјасен доказ се рејтинзите на партиите. Партијата под водство прво на Црвенковски, па сега на Заев и Шекеринска, не може да мрдне ниту на најмал двоцифрен рејтинг. Под 8 отсто од гласачите континуирано се изјаснуваат за СДСМ.

Рејтинзите се јавни и очигледни за сите. Својата веродостојност ја покажаа неколку пати, погодувајќи го резултатот на сите претходни избори.

Ниту најгласните поддржувачи на СДСМ неможат да го премолчат тоа. Новинарот Васко Ефтов вели дека со негативна кампања не може да има пресврт.

-Предноста на ВМРО-ДПМНЕ, а слабост на СДСМ е дека последните анкети, кои беа правени некаде на почетокот на јануари, после сите тие протести на студенти, штрајкови на хонорарци и така натаму, под 8 отсто беше СДСМ. Со ниедна црна кампања досега се нема случено да се сврти… Зборам за Македонија, не зборам за Словенија или државите кои имаат поголема парламентарна традиција. Не може да се сврти јавното мислење, рече Ефтов.


Заев се заканува по грчко сценарио

Зоран Заев и се заканува на целата македонска јавност со искривени материјали, кои самиот призна дека се добиени од странски служби. Тој со папки полни материјал и се обрати на јавноста кажувајќи дека се прислушувани над 20.000 граѓани. Им кажа и на своите сопартијци дека има материјали и за нив, по што смета дека е моќен да ги уценува и да ги „држи во рака“.

За јавноста е јасно, а за експертите нема никаков сомнеж дека опозицискиот лидер е инструмент на странски центри кои сакаат да предизвикаат инциденти во Македонија.

Ваква желба и неверојатен мотив за нејзино спроведување има единствено нашиот јужен сосед.

Тоа што Заев сака да го спроведе, како предвидување беше најавено и од Самарас.

Самарас рече дека Грција нема простор за загриженост бидејќи Македонија наскоро ќе се распадне. Тој смета дека ако нам ни се дозволи да го користиме името Македонија, тоа за Грција би значело национално предавство. .Една од причините за ова, според него, е тоа што право на античката историја освен Грција имаат и други балкански држави.

-Јас верувам дека наскоро Скопје нема да постојат како единствен субјект. Тоа значи дека времето е на наша страна. Практично е на наша страна. Бидејќи јас мислам дека тие нема да го одржат единството, кое веќе не е единство, рече Самарас.
Јавноста е згрозена од потегот со кој СДСМ прави раздор на македонското национално ткиво, прави поделба и дестабилизација, со цел да се остварат тесните интереси на Заев и врхушката.

Тоа го потврдуваат и врвните аналитичари и големи познавачи. Американскиот аналитичар и експерт за Балканот, Јануш Бугајски предупредува дека објавувањето на снимките на Зоран Заев придонесува кон оддалечувањето на Македонија од НАТО.

Експертот на Центарот за европски политички анализи од Вашингтон пишува “Скопје врие од гласини дека грчката тајна служба се обидува да ја дестабилизира Македонија давајќи му на Заев докази за наводни економски манипулации, што доведе до реакцијата на Владата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top