| четврток, 6 декември 2018 |

Девојчиња ограбиле бабичка

baba place

Две малолетнички ограбиле баба, откако претходно љубезно ја замолиле да им даде вода.

Ова ретко разбојништво, денес го регистраше МВР, но девојите се уште не се најдени.

Според полициското известување вчера околу 14 часот,  во Скопје  улица Васил Ѓоргов, две непознати лица најверојатно малолетнички,  извршиле тешка кражба на особено дрзок начин над В.К.(84) при што и  одзеле златно синџирче со два златника, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 40.000 денари. Тешката кражба е извршена на тој начин што откако  заѕвониле на влезната  врата и  В.К.  ја отворила истата, сторителките побарале  да се напијат вода, по што  една од нив со рака од вратот и го искинало синџирчето, по што и  двете побегнале . Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top