Германскиот канцелар Ангела Меркел повторно ја критикуваше улогата на Русија во украинскиот конфликт и истовремено ја повика Москва на враќање во партнерство со Европската унија, пренесуваат денеска германските медиуми.
Таа, без да го спомнува кршењето на прекинот на огнот во Источна Украина, синоќа рече дека германската Влада, европските влади, Германија и Франција нема да попуштат во тоа да направат се што е можно за територијалниот интигритет на Украина и можноста земјата да оди по својот пат.
– Москва со анексијата на Крим го прекрши меѓуанродното право – рече Меркел додавајќи дека сепак владите на земјите од ЕУ би сториле се за Русија повторно да биде партнер на Европа.
– Ние сакаме овој европски мировен поредок да го обликуаме заедно со Русија, а не против неа – рече Меркел синоќа во градот Демин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.