Информациите дека џихадисти од групата Исламска држава живи запалиле 40 лица во ирачката провинција Анбар се вистинити, изјави за „Си-Ен-Ен“ претставник на провинцијата Сабах Каркхут.
Според Каркхут, команданти од терен во близина на линијата на фронтот до градот Ал Багдади во провинцијата Анбар потврдиле дека најмалку 40 полицајци и племенски припадници се убиени.
Исламската држава минатата недела презема контрола над поголемиот дел од градот Ал Багдади. Градот се наоѓа на само 14 километри северно од воздушната воена база Ајн ел Асад, во која се распоредени околу 400 американски војници, кои обучуваат ирачки пилоти во борбата против џихадисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Пронајден изгубениот град на Александар Македонски во Ирак
-
Џихадистите убиле руски генерал во Сирија
-
Антитерористичка анализа: ИСИС наскоро ќе стане Ал Каеда на стероиди, а единствено бара жени и секс (видео)


