Во деветтата годишна антологија на хаику поезија во светот, што секоја година ја објавува најголемата хаику-асоцијација „Ворлд хаику“ од Јапомија (која вмрежува повеќе од 40 земји од целата планета), одбрани се три, објавени на македонски, англиски и јапонски, хаика од македонскиот автор Александар Прокопиев.
Инаку, тоа е по четврти пат (по 2005, 2007 и 2011) хаиката на Прокопиев да бидат објавени во оваа мошне значајна светска антологија.
Еве ги избраните хаика:
Патувам. Земјава
стои. Се подмладив,
таа старее.
Татковото лице
лебдее над водата:
вилинско коњче!
Излегов надвор
во мракот на планината.
Запалив цигарче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.