| четврток, 6 декември 2018 |

Режисерката на „50 нијанси сиво“ ја напушта продукцијата?!

00039752

Режисерката на „50 нијанси сиво“, Сем Тејлор-Џонсон, е цврсто решена да ја напушти продукцијата. Според гласините, русокосата режисерка немала желба да работи на вториот дел на екранизацијата на еротската трилогија.

Причина е авторката на книгите Е.Л.Џејмс, која постојано се меша во нејзината работа.

– Авторката предизвика куп спорови за време на снимањето. Таа инсистираше сѐ да биде онака како што самата таа го гледа и игнорираше многу од одлуките на Сем. Токму поради тоа, филмот задоцни толку и има толку негативни критики – изјави човек од екипата на филмот.

ad_159726476

Сепак,  сѐ уште не е објавено официјално дека режисерката Сем Тејлор-Џонсон се откажува од  снимањето на вториот дел на филмот.

Останува фактот дека циркулираат сериозни гласини дека писателката Е.Л.Џејмс навистина била пречка во работата на филмска екипата и дека тие многу тешко го поднеле нејзиното присуство и нејзините заповеди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top