| четврток, 6 декември 2018 |

Косовски Албанци до смрт претепале Србин во Австрија

Во болница во градот Линз во Австрија починал Далибор Лукиќ (30), гастарбајтер од Велики Поповац од Србија, по добиените повреди од претепување од страна на неколку Албанци од Косово.

Тој бил физички нападнат пред десет дена во угостителски објект во австрискиот град Линз и крвнички претепан.

Според приштинска „Коха.нет“, Лукиќ бил заедно со свој пријател кога почнала расправијата со косовските Албанци во ресторанот каде што најчесто гостите се од поранешна Југославија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top