| четврток, 6 декември 2018 |

Стејт департмент: Примирјето од Минск не е мртво

стејт

Примирјето договорено минатата недела во Минск, меѓу Киев и проруските сили „не е мртво“, соопшти денеска Стејт департментот.

– Ние не го сметаме за мртво. Потребно е да дадеме уште време за договорот да биде реализиран – изјави на портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки.

Таа наведе и дека американскиот државен секретар Џон Кери во денешниот телефонски разговор побарал од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да ги запре нападите врз украинските сили во Дебалцево.

– Кери апелираше до Русија да овозможи безбеден пристап до Дебалцево за набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, кои се спречени да ги извршуваат своите должности – истакна Псаки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top