| четврток, 6 декември 2018 |

Земјите од Контакт групата во Украина се договорија за прекин на огнот на 1 септември

минск
 Земјите од Контакт групата за Украина се договорија на средбата во Минск денеска за прекин на огнот на 1 септември во првата недела од новата учебна година, изјави специјалниот претставник на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Мартин Сајдик.По завршувањето на состанокот Сајдик повика за преземање на сите потребни мерки за гарантирање на безбедноста на училиштата во регионот на линијата на поделба меѓу украинските владини сили и проруските сепаратисти.

Работната подгрупа за безбедност ќе продолжи со работа, со оглед на тоа што денеска не беше постигната спогодба за повлекување од фронтот на оружјето со калибар под 100 милиметри.

Сајдик изјави дека следниот состанок на Контакт групата за Украина во Минск ќе се одржи на 8 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top