Адвокатот Џери Џонс, заедно со останатите патници, во воз во Чикаго доживеал шок откако за време на возењето влегле федерални агенти и претставници на специјалниот одред за нуклеарни закани со тврдење дека има висока вредност на нуклеарно зрачење. Откако 15 минути ги проверувале патниците, детекторот застанал токму на адвокатот, кој тој ден со радиоактивни изотопи го тестирал протокот на крвта кон срцето. „Дејли меил“ пишува дека адвокатот не бил воопшто свесен дека тој е изворот на зрачење. Агентите го испратиле адвокатот на испитување, а лекарските наоди покажале дека навистина се работи за зрачење поради испитувањето кое го направил претходно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.