| четврток, 6 декември 2018 |

Киев: Во борбите во Дебалцево загинаа 22 украински војници

дебалцево

Вкупно 22 војници загинаа, а над 150 се ранети изминативе неколку дена во борбите на опколените украински сили со проруските сепаратисти во градот Дебалцево, соопшти денеска Генералштабот на Вооружените сили на Украина.

Украинските војници денеска целосно се повлекоа до Дебалцево, стратешки важен град на истокот на Украина, каде неколку недели водеа жестоки борби со проруските сили.

Во соопштението се посочува дека шестмина од војниците биле убиени за време на повлекувањето на украинските сили од градот.

Претходно, денеска директор на мртовечницата во градот Артемвиск, Руслан Федоњук соопшти дека во неговата установа биле донесени тела на најмалку 13 убиени украински војници.

– Тела на 13 украински војници денеска се донесени овде – изјави  Федоњук, додавајчи дека е организиран транспорт на телата на друга локација поради аутопсија.

Артемвиск е град под контрола на украинската армија, што се наоѓа во близина на Дебалцево.

Соопштението на Генералштабот следува по денешната изјава на претставникот на сепаратистите од Доњецк, Едуард Басурин, кој тврдеше дека во борбите во Дебалцево загинале меѓу две и три илјади украински војници.

Според Басурин, се претпоставува дека во опколеното Дебалцево имало „околу 10.000 украински војници, од кои 3.000 се уништени“.

 Прес-службата на Штабот за координација на воената оперција на украинските сили во реонот на Донбас, доцна попладнево соопшти дека до 17.00 часот по локално време (16.00 по средноевропско време) од Дебалцево се повлеке 2.459 војници и 200 единици воена техника, меѓу кои и 15 тенкови и 50 оклопни возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top