Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери денеска телефонски разговараа за спроведувањето на Договорот за прекин на огнот во Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Лавров истакна дека е важно Киев да почне дијалог со претставниците на отцепените Доњецк и Луганск, како и дека брзо треба да прекинат борбите во Дебалцево. Тој напомнал и за преземените ангажмани од страна на украинските власти да извршат уставни реформи и Донбас да добие специјален статус.
Кери и Лавров разговарале и за други теми, како кризата во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.