| четврток, 6 декември 2018 |

Не му е жал што ја силувал, жал му е што објавил фотографија на интернет

siluvale pa objavileТинејџери силувале соученичка, а потоа нејзината фотографија ја објавиле на интернет. Се работи за двајца ученици од Охајо, 17 годишниот Трент Мајс и 16 годишниот Малик Ричмонд, кои се осудени на затворска казна. Тие за време на пресудата неконтролирано плачеле. Според локалните медиуми,  ја силувале нивната другарка во август минатата година во градот Стеубенвил во Охајо.

-Не покажаа ни малку каење. Откако информацијата за нивното злосторство стана јавна, тие одлучија да ја обвинат жртвата. Недостатокот на каење е страшна рекција – изјавила во судницата обвинителот Маријана Хеметер.

Осудените казната затвор ќе ја издржуваат до нивната 21 година во затвор за малолетници.

Мајс бил обвинет и за објавување на фотографиите на жртвата на социјалните мрежи. Во неговото сведочење тој истакнал дека му е жал што ги објавил фотографиите, но не му е ни малку жал што ја силувал девојката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top