Спортскиот Центар Борис Трајковски и НУ Драмски Театар – Скопје, ќе започнат взаемна соработка. На уникатен начин ќе ги соединат спортот и културата, давајќи голем акцент на сите оние кои го сакаат спортот и оние кои уживат во културата. Оваа соработка ќе влијае на подобрувањто на физичката активност, а и ќе го зголеми интересот за што повеќе спортување и здрав живот, што е една од главните цели на СЦ „Борис Трајковски“.
– Горди сме за ова убаво и уникатно партнерство затоа што границите на овие институции се прошируваат и интересите се зголемуваат. Ова е одлична иницијатива за соединување на корисниците на две врвни институции, кои ќе имаат можност да ги поврзат спортувањето и уметноста. Посетителите на НУ Драмски Театар – Скопје ќе можат да добијат попуст на услугите на дел од капацитетите на Спортскиот Центар, како фитнес центар, кугланата, аеробик и пинг понг центарот и пливачкиот базен – изјави Златко Перински, директор на СЦ „Борис Трајковски“.
Ова е голем чекор за сите љубители на спортот и културата, кон унапредување на спортската култура, но и внимателно следење на последните уметнички достигнувања.
– Корисниците на услугите во СЦ „Борис Трајковски“, ќе имаат попуст на билетите за претставите кои се на репертоарот, што е прва соработка од овој вид – изјави Роберт Вељановски, директор на НУ Драмски театар – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.