Потребно е масовно организирано доаѓање на македонската дијаспора од Кичево и od Струга за денот на изборите, велат од ТМРО.
„Албанците во Кичево направија сеалбанско единство, а нивниот кандидат за градоначалник изборите ги нарече референдум за голема Албанија. Македонскиот одговор беше сосема очекуван и идентичен со единствен градоначалнички кандидат .Меѓутоа, за 24 март се најавени 50-60 автобуси и 20 чартер-авиони од западна Европа и од САД со цел гласање за албански градоначалник. Бројот на македонските иселеници во западноевропските земји, исто така, е голем, но чудно е што тука нема никакво организирано доаѓање, онака како што се прави од албанската страна – велат од партијата на Ванчо Шехтански.
Поради тоа, ТМРО апелира до македонските друштва во Европ, на итно организирање и доаѓање, па макар и самоиницијтивно на сите Македонци со потекло од Струга и од Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.