| четврток, 6 декември 2018 |

ТМРО: Македонската дијаспора од Кичево и од Струга да дојде на избори

tmroПотребно е масовно организирано доаѓање на македонската дијаспора од Кичево и od Струга за денот на изборите, велат од ТМРО.

„Албанците во Кичево направија сеалбанско единство, а нивниот кандидат за градоначалник изборите ги нарече  референдум  за голема Албанија. Македонскиот одговор беше сосема очекуван и идентичен со единствен градоначалнички  кандидат .Меѓутоа, за 24 март се најавени 50-60 автобуси  и  20 чартер-авиони од западна Европа и од САД со цел гласање за албански  градоначалник. Бројот на македонските иселеници во западноевропските земји, исто така, е голем, но чудно е што тука нема никакво организирано доаѓање, онака како  што  се  прави од албанската страна – велат од партијата на Ванчо Шехтански.

Поради тоа, ТМРО апелира до македонските друштва во Европ, на итно организирање и доаѓање, па макар и самоиницијтивно на сите Македонци со потекло од Струга и од Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top