| четврток, 6 декември 2018 |

Трагикомедија од пенал за елиминација на Реал Мадрид и Бабунски (видео)

Трагикомичен момент и непостоечки пенал го чинеше елиминација младинскиот состав на Реал Мадрид од Лигата на шампионите. Судијата Едријан Жакоте досуди втор пенал за младинците на Порто во финишот на мечот по една апсурдна ситуација. Топката беше излезена во гол-аут, па играчот на Реал Мадрид, Квесада, ја зеде топката в раце и му ја дофрли на голманот за да продолжи играта. За чудо помошникот на Жакоте не алармираше дека топката е речиси еден метар надвор од теренот, па главниот арбитар досуди пенал поради игра со рака на Квесада.

dorian-babunski

Руиз погоди сигурно од белата точка и израмни на 1-1 во 81. минута, откако само две минути претходни промаши пенал. Реал Мадрид поведе во 60. минута со голот на Мајорал. Овој меч вечно ќе го памети македонскиот младински репрезентативец Доријан Бабунски, кој беше капитен на „кралскиот клуб“ за играчи до 19 години и тоа во меч од Лигата на шампионите. Признание огромно, нешто што претходно го искусиле големи асови од калибарот на Раул Гонзалес, Икер Касилјас, Гути и дузина други врвни играчи. Бабунски има само 18 години, а против Порто одигра 52 минути, пред да биде заменет. Неговиот Реал испадна по пенал серијата во која само Мајорал беше прецизен, а утнаа Седрес, Фебас и Линхарт. Младинците на Порто беа максимално прецизни во пенал рулетот, сите тројца изведувачи погодија и младите Португалци ќе играат во четвртфиналето против подобриот од дуелот меѓу Андерлехт и Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top