| четврток, 6 декември 2018 |

Турски театар со „Сон на летната ноќ“ во режија на Александар Поповски на сцената на Театар Комедија

НУ Турски театар в среда (11 март) со почеток во 20 часот ќе ја изведе претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир и во режија на Александар Поповски. Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со титл на македонски јазик.

_DSC0446

Сценограф : Свен ЈОНКЕ, костимограф : Јелена ПРОКОВИЌ, музика : Кирил ЏАЈКОВСКИ, асистент на режија : Ивана АНГЕЛОВСКА,   Улогите ги толкуваат: ТЕЗЕЈ : Атила КЛИНЧЕ, ХИПОЛИТА: Сузан АКБЕЛГЕ, ЕГЕЈ : Тамер ИБРАХИМ, ЛИСАНДЕР : Осман АЛИ, ДЕМЕТАР : Селпин КЕРИМ, ХЕРМИЈА : Филиз АХМЕТ / Несрин ТАИР, ЕЛЕНА : Слаѓана ВУЈОШЕВИЌ, ПЕТЕР КИНС: Аксел МЕХМЕТ, НИК БОТТОМ: Џенап САМЕТ, ФРАНЦИС ФЛУТ: Неат АЛИ, ТОМ СНОУТ : Ерман ШАБАН, СНАГ : Ријад ТАХИР, СТАРВЕЛИНГ : Тамер ИБРАХИМ, ОБЕРОН:Атила КЛИНЧЕ, ТИТАНИЈА: Сузан АКБЕЛГЕ, ПУК : Салаетин БИЛАЛ, ВИЛА: Росана СТЕФАНОВА, ВИЛА: Сара ЦВЕТКОВСКА.

– Прашањето што денеска значи љубовта, сонот, илузијата, идеологијата нѐ засега сите, а сонот е составен токму од овие елементи. Сонот во некоја смисла е и радикален бидејќи ние го напуштивме сонувањето, кое е дури и демоде. Денес соништата не можеме да ги најдеме на пазарот. Светот на фантазијата, митовите, потсвеста – за мене светот на убавината – е обвиткан со завеса, зад која ретко погледнуваме. Во оваа претстава не сакавме до крај да ги одвоиме стварноста и сонот; во целина претставата можеби е сон на еден стар човек, можеби на Пук, а можеби и на актерот кој го играл Пук. Јас оваа претстава ја гледам како една сфера, во која има уште една сфера и уште една… Сон во сонот сон… Овој сон продолжува сѐ до крајот на монологот на Пук, кој го „позајмивме“ од Просперо, бидејќи Просперо истовремено е и Пук, како што Сон на летната ноќ и Бура на места е истиот текст… – вели режисерот Александар Поповски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top