Рутата која се користи за искачување на врвот Мoнт Еверест ќе биде сменета поради стравот од зголемениот ризик од лавини. Во 2014 година загинале 16 планинари, што се смета за најсмртоносна година за оваа планинарска експедиција.
Моменталната патека по која се искачуваат планинарите се користи од 1990 година. Планинарите сега ќе се искачуваат по централната патека по базниот камп, избегнувајќи ја левата страна на Кумба Ајсфел, каде што минатата година се случиле несреќите.
Лавината на планината предизвика бојкот кај професионалните водачи кои побараа подобри плати и услови. Поради нивните протести се откажаа сите експедиции на Еверест. Владата на Непал работи на зголемување на сигурноста на почетокот на пролетната сезона на искачување 2015 година.
Од првата експедиција до денес 250 лица починле во обид да дојдат до највисокиот врв во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.