Македонскиот пејач Александар Тарабунов вчера по долго време се качил во градски автобус. Возачот на автобусот сакал да го почести пејачот и му рекол дека нема потреба да плати карта. И тука тргнал малерот.
– Нема полошо, после 100 години се качив во автобус да идам на проба за вечерашниот концерт, влегувам и прашувам дали овој автобус оди до таму кај што треба да стигнам и возачот ми вели- влези. Јас, извинете колку треба, возачот-седи за добри пејачи не треба карта. Седам се возам, влага контрола, ми вика дечко карта, ме гледа нервозно, јас им викам шоферот ме честеше, како бе шоферот те честеше, така оди прашај го, се договорија со колегата и решија да го казнат шоферот на двокатната седмица – напиша Тара на својот профил на „Фејсбук“ .
Во првите коментари од неговите колеги и пријатели, водителот Димитар Атанасовски му советува дека е чоечки, Тарабунов да биде тој кој ќе му ја плати казната на возачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.