| четврток, 6 декември 2018 |

Ништо не е решено со нерешено во Париз и во Лвов, ПСЖ- Челси 1-1, Шахтар – Баерн 0-0

Нерешено завршија и двата премиерни натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите во Париз меѓу ПСЖ и Челси и во Лвов каде играа Шахтар и Баерн Минхен.

Бане Ивановиќ му донесе предност на Челси на гостувањето на „Паркот на принцови“ во Париз, но Едисон Кавани не дозволи лондончани со победа да си заминат од градот на светлината. Уругваецот беше прецизен во 54. минута, откако Ивановиќ погоди во 36. минута. Реваншот и решението кој ќе игра во четвртфиналето ќе го даде реваншот во Лондон.

psg

Во Лвов Шахтар беше рамноправен ривал на фаворизираниот Баерн и одигра 0-0, со што остави надеж за пласман понатаму. Гостите од Минхен играа и со играч помалку од 65. минута кога беше исклучен Чаби Алонсо, предност што не ја искористија Украинците за да победат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top