| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 170 патници, меѓу кои и деца, на пат за Скопје заглавија на аеродромот во Милано

Околу 170 патници, меѓу кои и деца, останаа заглавени на аеродромот во Милано откако утрово беше откажан летот со кој требаше да пристинат во Скопје. Авионот, кој требаше да полета во 8.40 часот, останал на пистата поради лошото време и снежните наноси.

Од аеродромот „Александар Велики“ за „Република“ велат дека добиле известување од „Виз ер“ дека патниците ќе дојдат во Скопје преку Верона во 11.10 часот, но дел од патниците нѐ информираа дека сѐ уште се на аердромот во Милано.

На дел од нив им била понудена можност да се вратат со автобус, но понудата важела само за тие што патувале преку туристички агенции. Останатите патници биле оставени да се снаоѓаат сами со тоа што ќе им се рефундираат дел од парите за билетот или да се вратат преку Тревизо со редовните линии во среда и во петок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top