| четврток, 6 декември 2018 |

„Снајперист“ и „Кингсман: Tајната служба“ – две филмски премиери во „Милениум“

unnamed (1)
Кандидатот за најпрестижната филмска награда „Оскар“, номиниран во шест категории, филмот „Снајперист (American Sniper)“, како и одличната британска, шпионска акција „Кингсмен: тајната служба (Kingsman: The Secret Service)“ од четврток, 19 февруари, ќе почнат да се емитуваат на редовниот репертоар на кино „Милениум“.
„Снајперист“ е базиран на вистинска приказна, а ги раскажува военото искуство и траума, проследени низ нишанот на еден од најдобрите американски војници. Филмот е во режија на Клинт Иствуд, а во главните улоги ги толкуваат Бредли Купер и Сиена Милер.
Филмот ќе биде на репертоарот на кино „Милениум“ во терминот од 20 часот.
unnamed
„Кингсмен: тајната служба“ е акција, со одличен британски хумор, која ни го опишува процесот на регрутација и обука на едно „дете од улицата“ од страна на тајните служби. Филмот е во режија на Метју Вон, а во главните улоги се Марк Хамил, Мајкл Кејн, Семуел Л. Џексон, Колин Фирт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top