Кандидатот за најпрестижната филмска награда „Оскар“, номиниран во шест категории, филмот „Снајперист (American Sniper)“, како и одличната британска, шпионска акција „Кингсмен: тајната служба (Kingsman: The Secret Service)“ од четврток, 19 февруари, ќе почнат да се емитуваат на редовниот репертоар на кино „Милениум“.
„Снајперист“ е базиран на вистинска приказна, а ги раскажува военото искуство и траума, проследени низ нишанот на еден од најдобрите американски војници. Филмот е во режија на Клинт Иствуд, а во главните улоги ги толкуваат Бредли Купер и Сиена Милер.
Филмот ќе биде на репертоарот на кино „Милениум“ во терминот од 20 часот.
„Кингсмен: тајната служба“ е акција, со одличен британски хумор, која ни го опишува процесот на регрутација и обука на едно „дете од улицата“ од страна на тајните служби. Филмот е во режија на Метју Вон, а во главните улоги се Марк Хамил, Мајкл Кејн, Семуел Л. Џексон, Колин Фирт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура