| четврток, 6 декември 2018 |

Видео од приведувањето на осомничените во „Гора“

11

Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ­ Скопје поднесе кривична пријава против осум лица, седум од Скопје и едно лице од Кичево.

На четири од пријавените лица одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена. Шест од осомничените со кривична пријава се предадени во Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ­ Скопје, а по А.А. и В.А. во мементот се трага и откако ќе бидат обезбедени ќе бидат предадени во надлежното Основно Јавно обвинителство.

Кривично пријавени се седум лица за сторено кривично дело „злосторничко здружување“, четири лица се пријавени и за „злоупотреба на службена положба и овластување” и три од пријавените лица за кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Повеќе детали на следниот линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top