Во косовскиот Парламент денеска ќе се одржи церемонијата на одбележување на седмата годишнина од прогласувањето на независноста на земјата, пренесе „Танјуг“.
Во текот на денот ќе бидат положени венци на споменикот на првиот косовски претседател Ибрахим Ругова и на првиот командант на Армијата за ослободување на Косово Адем Јашари. Ќе се организира и прием за акредитираните дипломати во Косово и за претставниците на државните институции.
Во сите општини во Косово ќе бидат положени цвеќиња на гробовите на загинатите во последната војна. Локалните општински совети ќе оддржат и седници во спомен на жртвите од војната.
Од кабинетот на градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, информираат дека годинава општините нема да одделат средства за одбележување на годишнината од независноста, затоа што „нема пари и затоа што Косово е исправено пред голем одлив на свои граѓани во западноевропските земји“.
Портпаролот на косовската Влада и министер за труд и социјални грижи Арбан Абраши изјави дека нема да има специјални свечености по повод празникот.
По повод празникот американскиот претседател Барак Обама и британската кралица Елизабета Втора до косовскиот претседател и народот на Косово испратија честитки.
Косово на 17 февруари 2008 година ја прогласи својата независност. Според податоците на Министерството за надворешни работи Косово досега е признато за суверена држава од вкупно 110 земји, меѓу кои се сите земји од регионот, со исклучок на Србија и Босна и Херцеговина, и од 23 земји членки на Европската унија.
Пет од членките на ЕУ не го признааа Косово – Грција, Кипар, Романија, Шпанија и Словачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации