Три автомобила изгореле синоќа во пожар што избувнал во семејна куќа во Штип.
Пожарот избувнал во дворот на семејна куќа во штипската населба Македонка ноќеска околу 2 часот. Огнот се проширил и ги зафатил автомобилите мерцедес, голф 4 и голф 5, коишто биле паркирани веднаш до спалната соба.
Сопствениците на куќата спиеле, а се разбудиле од врисоците на соседите. Повредени нема, предизвикана е материјална штета.
Извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.