| четврток, 6 декември 2018 |

Од почетокот на годинава во Германија дошле над 18.000 граѓани од Косово

азил

Од почетокт на годината до 12 февруари во Гермнаија пристигнале над 18.000 граѓани од Косово кои побарале азил. Тоа го соопшти Министерството за внатрешни работи во Берлин предупредувајќи дека тој драстичен раст на број на азиланти претставува опасност од дестабилизирање на Косово и на регионот.

Најсилно погодени се четири германски провинции Долна Саксонија, Северна Рајна Вестфалија, Баварија и Баден-Вуртемберг.

Бројот на одобрени барања за азил на граѓани од Косово во 2014 година бил 1,1 отсто од сите поднесени молби.

Во јануари одобрени се само 0,3 отсто од молбите. Во јануари поднесени биле 3.630 молби за азил што е за 86 отсто повеќе отколку во декември лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top