| четврток, 6 декември 2018 |

И покрај прекинот на огнот, сепаратистите интензивно го гранатираат Дебалцево

дебал

И покрај постигнатиот прекин на огнот, сепаратистите и натаму го напаѓаат стратегискиот железнички јазол Дебалцево, изјави денеска портпаролот на украинската армија, а очевидци информираат за интензивно гранатирање на регионот, пренесоа британските медиуми.

– Незаконските вооружени групи не го поддржуваат прекинот на огнот – рече армискиот портпарол Анатолиј Стелмах.

Тој додаде дека бунтовниците, поддржани од Русија, со ракети „град“ и тенкови ги напаѓаат владините сили, под чија контрола е градот.

Според Стелмах, нападите врз Дебалцево дури се и зачестени во споредба со претходните денови и притоа се употребуваат сите видови оружје.

– Терористите добиле наредба по секоја цена да го заземат Дебалцево – посочи тој.

Известувачите од теренот наведуваат дека во Углегорск (на украински Вуглехирск), место на околу 10 километри западно од Дебалцево, има интензивно гранатирање, што доаѓа од градот, и информираат за моментални експлозии.

Во последните 24 часа, откако во сила влезе кревкиот прекин на огнот, што го договорија Украина, Русија, Германија и Франција, украинската армија посочи дека нивните позиции биле гранатирани дури 112 пати.

Стелмах дополни дека владините сили стрелале само кога биле нападнати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top