| четврток, 6 декември 2018 |

Дибиров и Лекиќ во изборот на топ 5 најдобри голови во изминатото коло од ЛШ (видео)

vardar-monpelje-17

 

Левото крило на Вардар Русинот Тимур Дибиров блескаше на натпреварот со Монпелје во рамките од деветтото коло од Лигата на шампионите.
Тој постигна 12 гола, а еден од нив е избран во топ 5 најдобри голови. Воедно, сосема заслужено Дибиров е избран и во идеалната постава.
Како за утеха од високиот пораз против Динамо Волгоград средниот бек на ЖРК Вардар Андреа Лекиќ, исто така како и нејзиниот колега од машкиот тим се најде во изборот на топ 5 најубавите голови.

Најатрактивната одбрана во ова коло во машка конкуренција ја има Тјери Омејер од ПСЖ.

 

Идеален состав:

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Сергеј Бубка (Мотор Запорожје)

Среден бек: Микел Хансен (ПСЖ)

Десен бек: Јохан Јакобсон (Фленсбург)

Десно крило: Дмитри Ковалев (Чеховски Медведи)

Пивотмен: Хулен Агинагалде (Кјелце)

Голман: Родриго Коралес (Висла Плок)

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top