| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една книга за „грчкото право“ на зборот Македонија

paliadeli hrisula

Сѐ додека нема конечен резултат од дискусиите што се водат под покровителство на ОН за прашањето за името, само Грција смее да го користи терминот Македонија. Kако и да е, посакувам овие дискусии да завршат фер и со праведно решение, кое ќе ги почитува историјата и етничката гордост, вели Палијадели, грчка европратеничка и коавторка на книгата „Европска картографија и политика“, во интервју за „Дневник“.

Грција е единствената држава што во моментов има право да го користи терминот Македонија, вели за „Дневник“ Хрисула Палијадели, грчка европратеничка, која заедно со министерот за животна средина, Евангелос Ливиератос, ја напиша книгата „Европска картографија и политика: случајот со Македонија“. Сто и четириесетте страници, преку кои двајцата автори сакаат да фрлат ново светло врз меѓународната дискусија за името, беа промовирани во грчкото МНР од шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос, кој кажа дека книгата му ја подарил и на посредникот Метју Нимиц.

Целото интревју овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top