| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена црквата „Свети Василиј“ во Леска, Мала Преспа

црква

Непознати сторители насилно влегле во црквата „Свети Василиј“ во селото Леска, Мала Преспа, уништиле неколку икони, а со себе ја земале и камбаната.

Како што потврди отец Алексо за весникот „Македониум“ кражбата се случила пред два дена.

– Ова е петти пат како ни доаѓаат несакани гости во црквата и ни ја ограбуваат. Никогаш до сега крадците не се откриени. Апелирам до полицијата да биде поажурна и да ги најде вандалите, кои се надевам дека ќе ги стигне и божјата казна – вели отец Алексо.

Поради тежината на камбаната повеќе од сигурно е дека биле повеќе лица со возило за транспорт.

Црквата „Свети Василиј“ во малопреспанското село Леска е изградена во осуманесетиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top