| четврток, 6 декември 2018 |

Осуденик за „Детонатор“ избегал од затвор, ама за кратко

 

детонатор

Кочанчанецот Ѓ.И.(41), осуден по акцијата „Детонатор“, е фатен при бегство за Бугарија, откако претходно побегнал од затворот во Струмица, во акција на македонскиот регионалниот центар за граничниот реон „Исток“ и Бугарската гранична полиција.

По бегството од затворот Ѓ.И. се криел во викендица во месноста Абланица, беровско, од каде со такси заминал до Ново Село, струмичко. Таму бил пречекан од бугарски државјанин, кој пеш го спровел до државната граница со Бугарија.

Од МВР информираат дека по претходно добиени оперативни сознанија за локацијата на бегалецот се преземени мерки за оперативно покривање на државната граница, во пределот на Малешевските планини и планината Огражден. Од регионалниот цетар за граничнот реон „Исток“ на повеќе места поставиле сигнални „фото камери“ за надзор на државната грaница. Откако е добиена слика на две лица кои се движат кон државната граница интервенирале групите од „Исток“ и Граничната полиција на Бугарија. Притоа на територијата на Бугарија е фатен Ѓ.И., а другото лице е во бегство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top