Неговото богатство според деловниот магазин Форбс, кој го нарече најбогатиот слаткар на светот, во мај 2014 година го процени на 23,4 милијарди долари и го стави на 30-то место на најбогатите луѓе во светот, додека според The Bloomberg Billionaires Index lists неговото богатство е проценето на 26 милијарди американски долари.
Веднаш во италијанските медиум започнаа нагаѓањата дека смртта на Микеле Фереро ќе предизвика можеби проблеми околу изборот на неговиот наследник на челната позиција во компанијата, а можеби и проблеми во семејната компанија „Фереро“ која постојано расте и покрај најдолгата италијанска рецесија од Втората светска војна.
Ова компанија, покрај препознатливиот крем „Нутела“, ги поседува и брендовите за пралините „Фереро Рошер“, чоколадните јајца „Киндер Егс“, како и „Мон Шери“, и „Тик Так“, а аналитичарите и банкарите ја сметаат за највредната приватна компанија во Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.