Во продолжението од Лигата на шампионите поради зимската пауза Вардар во деветтото коло на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува претставникот од земјата на светскиот шампион Монпелје и лидерот во домашното првенство.
Во првото полувреме Вардар одигра маестрални 3о минути и заслужено води со 18-13. Од самиот почеток избраниците на Раул Гонзалес не дозволија никакви изненадување и со фанстачна игра, пред се во одбраната, успеаја да ја сопрат брзата играта на Монпелје која ја краси во текот на целата сезона.
Во нападот блескаше Тимур Дибиров со осум погодоци, а сите останати одлично соработуваа и играа на моменти атрактивен ракомет со многу додавања. На голот е Арпад Штербик кој досега успеа да одбрани шест шута кон неговиот гол.
Стручниот штаб на „црвено-црните“ им даде шанса на повеќе играчи кои делуваат разиграно.
Комитите играат важна улога во целата атмосфера во салата, поттикнувајќи ги сите останати да навиваат заедно.
Посебно е интересно дека публиката безрезервно ја дава подршката кон Немања Прибак кој најверојатно ќе си замине од Вардар на крајот на оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.