Група мажи од Русија одлучиле својата омраза кон криминалците да ја искористат во добри цели. Откако во 2009. година нивниот пријател умрел од предозирање со дрогата крокодил, одлучиле да се одмаздат.
“Не сакавме буквално да ги претепаме сите дилери на дрога. Добро, всушност, ги тепавме, но не сакавме да завршиме во затвор. Затоа одлучивме да ловиме педофили и така да направиме добро дело”, вели еден член на групата.
Тие тогаш почнале на социјалните мрежи да ловат педофили. Отвораат профили на кои глумат млади момчиња и девојчиња. Кога ќе дојде времето за средба, наместо жртвите со кои наводно се договориле, педофилите налетуваат на група од 15 крупни момчиња, кои снимаат сè и поставуваат на интернет. Некогаш се и насилни…
Одмаздниците велат дека соработуваат со полицијата, која по нивните акции уапсила и отворила случаи против повеќе од 30 педофили.
Ова не е единствена група “обични” граѓани која одлучила да се пресмета со педофилите. Позната è и групата од градот Магниторск, која фатила педофил кој договорил состанок со 15-годишно девојче. Тие го дочекале во станот, го претепале, на челото му напишале “педофил”, а снимката ја поставиле на интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германците тврдат: Русите „шмркале“ амонијак на Мундијалот?
-
Русите направиле вакцина која лекува сѐ!
-
Шокантна изјава на Бред Пит: Елита на педофили владејат со светот, Илуминатите ја водат секс трговијата со деца во Холивуд
-
Руска свадба од 10 милиони долари: Ако некој сака да ја надмине, ќе треба да се жени на Марс (Фото)