Жил Симон ќе игра во полуфиналето на турнирот на АТП во Ротердам по неочекувано лесната победа со 2-0 против првиот носител Енди Мареј.
За нешто помалку од еден и пол час францускиот тенисер убедливо го надигра Мареј и славеше со 6-4, 6-2. Во полуфиналето Французинот ќе игра против Томаш Бердих, тенисер кој обезбеди настап во завршницата со победа од 6-1, 6-4 над Гаел Монфис и спречи француско полуфинале во Ротердам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.