Хонорарците и денеска излегоа да го искажат својот револт од законските измени со кои се предвидува плаќање придонеси и на хонорарите. Сепак, поддршката е драстично намалена. Денешниот протест на хонорарците имаше слаба посетеност. Очигледно, законските измени кои предвидуваат вработените лица кои земаат хонорар до висината на една просечна плата, да не плаќаат придонеси, со оглед на тоа дека се веќе вклучени во редовниот систем на социјално осигурување, а лицата, пак, кои се невработени да плаќат придонеси само за износот што го надминува прагот од 9.590 денари, убеди многумина дека законското решение е во интерес на сите хонорарци.
Фото: Ѓ. Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.