| четврток, 6 декември 2018 |

Емерсон му порачува на Погба: Остани во Јувентус!

Поранешниот играч на Јувентус, Бразилецот Емерсон смета дека Погба треба добро да размисли пред да го напушти Јувентус.
Некогашниот најдобар деструктивец од средниот ред во светот, Емерсон се потсети на неговото заминување од клубот од Торино.

– Кога јас си заминав од Јувентус, беше времето на Калчополи. Клубот беше исфрлен во понизок ранг и беше сосема друга ситуација – изјави Емерсон.

Бразилецот верува дека од оваа временска дистанција би размислил и би донел друга одлука.

– Кога отидов во Реал Мадрид, заедно со Капело, знаев дека потпишав за еден од најдобрите клубови во светот. Сепак, сега кога сум постар и позрел и мислам дека погрешив. Убаво ми беше во Италија, жал ми е што си заминав – додаде Емерсон.

Тој го советува Погба да не брза со донесувањето на одлуката.

– Кога ќе преминеш во друга средина, треба да се докажуваш од ново.

Емерсон смета дека Јувентус не е далеку по квалитетот од клубовите кои се во самиот европски врв.

– Доколку Погба остане во тимот, а заедно со него и Тевез, Пирло, Видал со едно до две квалитетни засилувања, „старата дама“ ќе биде поблиску до врвот. Погба во себе има конбинација на бразилска техника и европска дисциплина. Нека размисли добро. Во Јувентус Погба е зашитетен, а има и репутација. Покрај себе го има и генијот Пирло – заврши Емерсон.

Дали младиот Французин ќе ги послуша советите и ќе остане во Јувентус останува да се види во следните преодни рокови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top