Лив Тајлер доби момченце заедно со Дејвид Гарднер. Актерката веќе има 10-годишен син Мајли од поранешниот сопруг Ројстон Лангдон. Името на бебето сè уште не е објавено. Ова се случило во средата – 11 февруари. Портпаролот на двојката пред списанието „Пипл“ го изјави следново: Бебето е здраво и сите се многу среќни.
Сепак, извор близок до семејството на Лив, рекол пред медиумите дека малиот ќе мора да остане некое време в болница, бидејќи се родил шест недели порано.
37-годишната ќерка на Стивен Тајлер во декември 2014 година потврди дека очекува второ дете, откако призна дека сите нејзини соништа се остваруваат, а еден од нив бил и да стане мајка повторно.
– Седум години сонувам да станам мајка и да снимам телевизиска серија со добра екипа. Сакав да имам и куќа подалеку од градот. Па, сите овие мои соништа се остварија во една година. Како да фатив брз воз – се пошегува Лив.
Во моментов убавицата е ѕвезда во шоуто на HBO, „Остатоците“ (The Leftovers), во кое учествува и Џастин Теру.
Таткото на вториот син на Лив – Дејвид е многу добар пријател на Дејвид Бекам и има седумгодишен син – Греј, од поранешната сопруга Давинија Тејлор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан
-
Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда – трагедија ја постресе Русија