Европската унија в понеделник, и покрај постигнатиот мировен договор во Минск, ќе додаде уште 19 руски и украински државјани во списокот со санкционирани лица, на кои им се замрзнати сметките и имаат забрана за патување поради нивната улога во војната во Украина, изјавија европски дипломати.
– Морам да потврдам дека в понеделник ќе го објавиме списокот, без разлика на договорот од Минск – истакна еден дипломат од ЕУ.
Оваа недела министрите за надворешни работи од земјите на Унијата одобрија замрзнување на сметки и визни ограничувања за 14 украински сепаратисти и петмина Руси, а, исто така, и за девет правни лица, но нагласија дека мерките нема да стапат во сила до 16 февруари, очекувајќи ги преговорите со Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.