| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ги повика украинските војници во Дебалцево да го положат оружјето

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика украинските војници коишто се опколени од рускојазичните бунтовници во важниот железнички јазол на истокот од Украина – Дебалцево, да го положат оружјето за во недела да може во недела да стапи на сила договорот за прекин на огнот договорен претходно во белоруската престолнина Минска, на преговорите со украинскиот и францускиот колега, Петро Порошенко и Франсоа Оланд, и со германската канцеларка Ангела Меркел.
-Милициите (како што официјална Москва ги нарекува рускојазичните бунтовници во источна Украина – з.р.) тргнуваат од принципот дека таа група ќе го положи оружјето пред прекинот на огнот, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Според договорот кој во Минск по 16-часовните преговори во четвртокот претпладне го постигнаа меѓу четворицата челици и Контактната група којашто ја сочинуваат претставници на Киев, Москва и на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), прекинот на огнот треба да стапи на сила на полноќ на 15-ти февруари, недела.

-Претставниците на украинската влада сметаат дека нема никакво обрач и дека сé ќе оди многу лесно. Од почетокот се сомневам во тоа, рече Путин.

Борбите во Дебалцево, кој е важен железнички јазол во источна Украина меѓу двата бунтовнички центра Донецк и Луганск, се разгореа кон крајот на јануари и неговата контрола од страна на одметнатите самопрогласени ткн „народни републики“ ќе биде ново ослабување на позициите на владата во Киев.

Путин ја спомена и можноста да се отвори коридор за евакуација на украинските војници. Проруските бунтовници и пред две седмици оставија коридор за повлекување на украинските сили, но го затворија откако ја обвинија владата во Киев дека го искористила за во Дебалцево да доведе дополнителни единици и воена техника.

Рускиот претседател смета дека во опкружување во Дебалцево се наоѓаат меѓу 6.000 и 8.000 украински војници. Неговите процени ги негираше портпаролот на украинската армија Владислав Селезнев кој тврди дека „нема украински војници опколени во Дебалцево“, но признава дека „ситуацијата таму е многу напната“.

Претходно портпаролот на воената операција на украинската армија во источните региони Андриј Лисенко, тврдеше дека бунтовниците групираат тешко вооружување во Дебалцево кое според него е дел од тампон зоната договорена меѓу Киев и бунтовниците и во неа не смее да има тешко вооружување.

Лисенко уште додека траеја преговорите во Минска се огласи со изјава дека 50 тенкови, 40 повеќекратни ракетни фрлачи од типовите „Град“, „Ураган“ и „Смреч“, кои се инаку на списокот за повлекување од демилитаризираната зона, и уте толку оклкопни возила ја минале контролната точка на руско-украинсата граница Изварино.

-Непријателот продолжува да ги јакне своите позиции на половина пат меѓу главните градови на сепаратистите Донецк и Луганск, тврди Лисенко. Меѓутоа, потврда на неговите зборови нема од независни извори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top