Во извештајот на „Репортери без граници“ за 2014 година, Македонија е рангирана на 117. место по медиумски слободи, со мало подобрување од 6 места во однос на извештајот од 2013 година.
Во извештајот е наведен случајот околу новинарот Томислав Кежаровски, кој беше ослободен од отслужување на остатокот од казната по заклучувањето на извештајот на „Репортери без граници“. Нотирани се и проблеми околу распределба на државните средства за рекламирање и користењето на тужбите за клевета.
Организацијата тврди дека во 2014 година дошло до општо влошување на состојбата со слободата на медиумите на сите континенти, поради повеќе војни, закани од недржавни институции и напади при демонстрации, како и поради економската криза. Две третини од земјите на индексот имаат полоши оценки во однос на 2013 година.
По масакрот во францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, „Репортери без граници“ предупредуваат на обидите да се цензурираат медиумите преку повикување на заштита на верските чувства на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.