Грчката влада на Ципрас доби доверба во парламентот пред разговорите во Брисел со меѓународните кредитори. За владата гласаа 162 пратеника, додека 137 беа против. Пред гласањето премиерот Алексис Ципрас изјави дека нема враќање на ерата на острите мерки за штедење., односно нема да дозволи повеќе странските кредитори да го надгледуваат спроведувањето на спасувачкиот план.
-Без оглед колку Самарас и Шојбле го бараат тоа, ние нема да го продолжиме спасувачкиот пакет. Нема да прифатиме предуслови од познатите мејлови на тројката за дополнителна контрола. Тројката заврши на 25 јануари- изјави Ципрас пред гласањето во парламентот за условите од Европската централна банка, Европската унија и ММФ, за спасувачкиот пакет од 240 милијарди евра.
Тој додаде дека Грција бара политичко решение во рамките на Унијата и повтори дека неговата влада нема да прифаќа нови заеми или мерки за штедење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.