| четврток, 6 декември 2018 |

Последното писмо од Кајла, девојката убиена од ИСИС (ФОТО)

Властите на САД ја потврдиле смртта на хуманитарката Кајла Мулер, која воедно е последната жртва од американските заложници за кои беше познато дека биле киднапирани од страна на терористичката група ИСИС.

kajli

Оддавајќи и почит, американскиот претседател Барак Обама изјавил дека “таа го претставувала сето она што е Америка”. Нејзиното семејство, скршено од тага, ја примило информацијата за нејзината смрт, притоа во јавноста објавувајќи го и нејзиното последно писмо кое што го напишала во текот на заробеништвото, објавува „Би-Би-Си“.

pismo kajli

Во писмото кое што го напишала во 2014 година, Кајла Мулер се обидела да го смири своето семејство, истакнувајќи дека со неа се однесуваат со голема почит и внимание. Напишала дека секој ден се моли и се труди во се да види добро. “Мама секогаш ми говореше дека на крајот, единственото нешто што навистина го имаме е Бог”.

“Можам да го пишувам ова писмо само дел по дел, а самата помисла на сите вас ме тера на плачење. Знам дека би сакале да останам силна. Тоа всушност и го правам”, напишала во писмото сега веќе убиената Мулер. 

kajli semej

Обама ги отфрлил сугестиите дека САД можеле да направат многу повеќе во обидот за ослободување на Кајла Мулер. “Посветивме енормни средства за да ги ослободиме заложниците ширум светот”, истакнал Обама. 

Ниту од Белата куќа, ниту пак родителите на Кајла, во медиумите не ги навеле околностите во кои што била убиена 26 годишната девојка, која во Сирија работела од 2013 година. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top