| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешна романска министерка приведена поради корупција

Романското Обвинителство ја приведе поранешната министерка за туризам и кандидатка на претседателските избори во таа држава, која е обвинета за проневера на пари и корупција.

Политичарката од десниот центар Елена Удреа која на ноемвриските претседателски избори беше четврта приведена е на 24 часа откако дошла во канцеларијата на обвинителот да одговори на обвиненијата.

Таа е обвинета дека искористила функција за нелегално лиценцирање софтвер во школите, учествување во незаконско финансирање и проневера на пари.

Удреа која минатата година ја основаше партијата Народен фронт ги негира сите обвиненија. Романски суд денеска ќе донесе одлука дали на Удреа ќе и одреди притвор од 30 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top